Фудбал
20. April 2017 - 14:32

Меси пак не му „кладе“ гол на Буфон

Лионел Меси е еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот. Неговите голгетерски способности на „своја кожа“ ги почувствувале многу европски и светски клубови. Со Барселона ги освоил сите трофеи во фудбалот, соборил многу рекорди, но за него сеуште има непремостливи пречки.
 
Лео Меси е фудбалска легенда, играч кој соборил многу рекорди, освоил се што може во клупскиот фудбал, но во неговата кариера постојат две непремостливи пречки.
 
Првата е што со Аргентина нема освоено ниту еден трофеј, а играл во три финалиња, и втората што во кариерата не успеал да го совлада Џиџи Буфон.
 
Меси против голманската легенда има одиграно четири натпревари, но ниту еднаш не успеал да ја затресе неговата мрежа.
 
Интересно, Меси, во кариерата постигнувал голови против 130 голмани, меѓу нив се и оние најдобрите: Касиљас, Облак, Нојер, де Хеа, Чех, Куртоа, Ван дер Сар…но никогаш не успеал да го совлада Буфон.
Најмногу 20 гола Меси му дал на Диего Авез кој бранел за Алмерија и Валенсија. Втор на листата е Икер Касиљас кој примил дури 17 погодоци од Аргентинецот... Во еврокуповите најмногу настрадал Абиати од Милан кој примил дури 8 погодоци
 
Во средата Барселона и Јувентус го одиграа четвртфиналниот реванш во Лигата на шампионите, мечот заврши 0:0.
 
Меси во кариерата има постигнато 498 голови за Барселона, а 58 за репрезентацијата на Аргентина.