Месарите се служат со трикови: Еве како да препознаете свежо од старо месо
Светло црвената боја на месото често може да излаже дека месето е свежо. Но затоа, непријатниот мирис е најдобар показател дека месото не е за употреба.
Ако месото има лигава текстура, тоа веројатно значи дека бактериите започнале да се множат на површината. Но, што е со месото под фолија?
Најдобро е да се држите до продавници кадешто обично се наоѓаат свежи производи како што се овошје и зеленчук и свежа риба и месо. Но, ако подолго се задржете во продавница, прво купете ја храната која е спакована, додека свежото месо, јајцата и млекото купете ги последни.
Не купувајте паковано месо ако рокот е близу до истекување. И не паѓајте на црвената боја – некои продавници користат јаглен моноксид за месото да ја задржи црвената боја дури и откако ќе се расипе.
Како да откриете старо месо кое е спаковано?
Интересно е тоа што свинското, пилешкото, говедското мораат да бидат спаковани во стиропор. Под месото се наоѓа подлога која ја впива течноста која излегува од него. Имајте на ум дека премногу течност е показател на староста.
Како тогаш да ја откриете скриената течност? Стиснете го со прсти месото. Ако течноста е под него, ќе се појави по страните.
Ново на Сител
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО