Свет
28. јуни 2017 - 9:03

Меркел: Трговијата не е игра на губитници и добитници

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека глобалната трговија не е игра во која едни губат, а други добиваат. Таа рече дека ќе бара основање комерцијален систем базиран на правила од кои сите ќе имаат корист.

– Мојата визија за глобализацијата е ... трговскиот систем да биде заснован на правила, и во кој сите страни победуваат. Постои и разбирање на глобализацијата според кое постојат победници и губитници како и дека станува збор за игра и јас не верувам во тоа, изјави таа пред самитот Г-20 што ќе се одржи идната недела во Хамбург.

Се очекува трговијата да биде една од главните теми на тој самит.