Меркел: Преговорите со Турција нема да бидат лесни
Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави, откако лидерите на ЕУ постигнаа договор за враќање на десетици илјади мигранти во Турција, дека денешните преговори со Анкара нема да бидат лесни.
Таа нагласи дека ЕУ мора да биде подготвена да почне брзо да ги враќа мигрантите од Грција во Турција со цел да се избегне „факторот на привлекување“ пред новиот систем да стапи во сила.
Меркел на прес-конференција наведе дека лидери на ЕУ не го прецизирале датумот кога тоа би можело да почне, нагласувајќи дека сите земји од Унијата сакаат спогодба за мигрантите.
Анонимен турски официјален претставник изјави дека турскиот премиер Ахмет Давутоглу ќе побара од ЕУ отварање нови поглавја во преговорите за членство и покрај тоа што Кипар се закани со вето.
Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави на првиот ден од самитот во Брисел дека преговорите се на вистинскиот пат, но оти не може да гарантира среќен крај.
Лидерите на ЕУ рано изутринава на самитот во Брисел договорија заедничка позиција за планот за враќање на десетици илјади мигранти во Турција, кој денеска ќе му го презентираат на Давутоглу.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари