Меркел очекувала подобар изборен резултат, Шулц го призна поразот
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека очекувала подобар резултат на денеска одржаните парламентарни избори за Бундестагот.
– Секако дека ќе претпочитавме подобар резултат, тоа е сосема јасно – изјави Меркел по соопштувањето на изборните резултати. Сепак таа дополни дека конзервативците се на власт 12 години, а последните четири биле „посебнно предизвикувачки“.
Како уште еден предизвик, Меркел го окарактеризира влегувањето на националистите од Алтернатива за Германија во Парламентот.
– Христијанско демократска унија (ЦДУ) и нејзината баварска сестринска партија, Христијанско социјалната унија (ЦСУ) ќе формираат влада – потврди Меркел и додаде дека една од нивните задачи ќе биде да ги врати гласачите кои преминале во АфД.
Пред изборите, партијата на Меркел постави за цел да добие најмалку 40 отсто од гласовите. Според резултатите од излезните анкети, блокот на канцеларката добива помеѓу 32,7 и 33,3 проценти од гласовите.
Од друга страна, главниот опонент на Меркел и претседател на социјалдемократите Мартин Шулц, го призна поразот на партијата на денешните избори, но најави дека и покрај тоа, останува на чело на партијата.
– Ги загубивме изборите – искоментира Шулц, дополнувајќи дека ова бил „тежок и горчлив ден“.
СДСП доби меѓу 20,2 и 20,8 отсто од гласовите, што е најлош резултат после Втората светска војна. Најлошиот изборен резултат на оваа партија во поновата историја беше во 2009 година, кога освоија 23 проценти од гласовите.
Шулц посебно се осврна на влезот на АфД во Парламентот, опишувајќи го како „депресивен факт“ и „пресвртница“.
– Јасно е дека одлуката за прифаќање на мигранти го подели нашето општество. Тоа е голем чин на човештво, што некои луѓе го сметаат за закана за другите и не можевме да ги убедиме луѓето дека Германија е доволно силна за да не остави никого надвор -истакна Шулц.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп