Свет
16. August 2017 - 19:22

Меркел: Невозможно е продолжувањето на преговорите меѓу ЕУ и Турција за проширување на царинската унија

Германскиот канцелар Ангела Меркел смета дека не е можно продолжување на преговорите меѓу Европската унија и Турција за проширување на царинската унија, јави ТАСС.

- Во секој случај во моментов нема да ја прошируваме царинската унија со Турција. За оваа тема воопшто не може да се разговара, изјави денеска Меркел.

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел минатиот месец изјави дека смета оти е невозможно продолжувањето на преговорите за проширување на царинската унија меѓу ЕУ и Турција.