Свет
20. October 2017 - 9:00

Меркел: Не се сомневам дека ЕУ и Лондон можат да постигнат добар резултат за Брегзит

Германската канцеларка Ангела Меркел не се сомнева дека ЕУ и Велика Британија можат да постигнат добар резултат за Брегзит.

- Апсолутно не се сомневам. Доколку сите сме посветени, можеме да поистигнеме добар резултат, изјави Меркел на прес-конференција на средба на врвот на ЕУ во Брисел.

Таа истакна дека очекува договор со Велика Британија во врска со Брегзит.

Според неа, потребна е напорна работа за да се стигне до втора етапа во преговорите за излез на Британија од ЕУ.

Меркел нагласи дека британската премиерка Тереза Меј прави се што е потребно со партнерите од ЕУ за постигнување договор за Брегзит, но тоа се уште „не е доволно“.

Германската канцеларка потенцира дека процесот „се движи чекор по чекор“.