Свет
29. January 2017 - 13:18

Меркел ја осуди уредбата на Трамп: Одлуката не е оправдана

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја осуди уредбата на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана на влез во САД на лицата од седум муслимански земји, наведувајќи дека таа е неоправдана. 

Портпаролот на Меркел Штефен Зајбер, наведе оти германската канцеларка е убедена дека дури и ако тоа е неопходно во борбата против тероризмот не е оправдано луѓето од одредена религија или потекло да се ставаат под сомнение.