Свет
28. August 2016 - 21:31

Меркел ги повика граѓаните од турско потекло да не ги пренесуваат во Германија конфликтите од Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика денеска граѓаните од турско потекло активно да учествуваат во германското општество и да не ги пренесуваат во Германија конфликтите од Турција, пренесува БТА.

- Прво и пред се, не треба да бидат пренесени конфликтите кои постојат во Турција во Германија, рече таа во интервју за државната телевизија А Ер Де.

- Наместо тоа, оние кои живеат тука со години и веројатно имаат и германско државјанство, треба да учествуваат во развојот на земјата и ако го сакаат тоа, ние би ги поздравиле за тоа, рече германската канцеларка.

Меркел доби критики порати интервју во „Пасауер Ноје Пресе" во вторникот, во кое вели: „Очекуваме луѓето со турско потекло кои живеат во Германија долго време да имаат висок степен на лојалност кон нашата земја".

Меркел, во денешното интервју, уште посочи дека се уште не е подготвена да каже кога ќе објави дали ќе се кандидира за нов мандат, јави ТАСС.