Меркел ги обвини социјалните мрежи за популарноста на радикалната десница
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска предупреди на моќта на лажните вести на социјалните мрежи, кои го подгреваат популизмот и го засилуваат рејтингот на екстремната десница во Германија.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, зборувајќи пред Бундестагот, Меркел, која во неделата најави дека ќе се бори за нов четврти мандат, нагласи дека со јавното мислење се „манипулира“ на интернет.
- Нешто се промени, како што глобализацијата пристигнува, така политичката дебата се одржува во целосно нова медиумска ситуација. Ставовите не се формираат како пред 25 години. Денеска имаме лажни сајтови, ботови, тролови, механизми кои можат да се регенерираат, да влијаат на јавното мислење со одредени алгоритмми и ние мора да научиме да се справиме со нив, изјави Меркел во германскиот Парламент.
Германската канцеларка смета дека за демократите за кои предизвик е да допрат и да ги инспирираат граѓаните, сега мораат да се конфронтираат со појавата на интернетот и ако е потребно да го регулираат.
Според неа, популизмот и политичката екстремност растат во западните демократии, што може да се поврзе и со проблемите со манипулацијата на лажните медиуми на интернет.
Минатата недела „Гугл“ и „Фејсбук“ започнаа кампања за укинување на лажни сајтови за вести, кои според американските аналитичари, влијаеле значително на изборите во САД.
Но, дел од германските аналитичари предупредуваат дека несоодветното регулирање на интернетот може да биде закана за демократијата.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО