Меркел: Германија е посветена на зајакнувањето на источното крило на НАТО
Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека Берлин е ангажиран на зајакнувањето на источното крило на НАТО, само неколку дена откако министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер побара да не се предизвикуваат непријателски реакции со Русија.
Меркел изјави дека ќе продолжи да води редовен дијалог со Русија, но напомена дека ќе има „нови закани“ во близина на Европа и дека е решена да ги зголеми расходите за одбрана и зајакнување на НАТО.
- Германската Влада е согласна со решението на НАТО на долгорочен план да одделиме два проценти од нашиот БДП за одбрана. Сметам дека тоа ќе биде поддржано од секој во Владата. Тоа е позицијата на Владата, нагласи Меркел.
Штајнмајер повика на постепено олеснување на санкциите на ЕУ кон Русија со напредок на Москва во исполнувањето на Минскиот договор за прекин на огнот во источна Украина, додека Меркел настојува санкциите да бидат укинати кога спгодбата од Минск ќе биде целосно исполнета.
Ново на Сител
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава