Свет
25. September 2017 - 16:20

Меркел доби нов мандат, ултрадесничарите за прв пат влегоа во Бундестагот по Втората светска војна

По објавените резулатги  од вчера одржаните избори во Германија, пред Ангела Меркел сега се долги и тешки преговори да ја состави  новата влада.   Таа вети дека  ќе формира стабилно мнозинство.

– Не треба да го избегнуваме фактот дека се надевавме на подобар резултат. Тоа е сосема јасно.Ние, ЦДУ и ЦСУ сме најсилни. Ние имаме задача да ја составиме владата и ниедна влада не може да се изгради без  нас изјави  Ангела Меркел .

Иако Меркел обезбеди четвртти мандат како канцелар , нејзиниот конзервативен блок го забележа најлошиот резулатат од 1949 година. Освои 246 пратенички места во Бундестагот од вкупно 709.  Според аналитичарите најверојатно дел од новата коалиција ќе бидат зелените и партијата на либералите, откако досегашните партнери  на демохртистијаните , социјалдемократите се изјаснија дека ќе бидат опозицијата.

-Од вечерва , нашата соработка завршува со ЦДУ и ЦСУ во големата коалиција порача Мартин Шулс лидер на социјадеморкатите.

Екстремно десничараската партија Антимиграциската Алтернатива за Германија стана трета политичка сила и доби 94 пратенички места, резултат што ги надмина дури и најголемите очекувања и што  предизивка проетсти во Берлин. 

-Во споредба со другите земји како нашите соседи - да речеме, Франција, Полска, Холандија, добро  е што во проценти, тоа е релативно умерен успех од страна на АфД.  Но, тоа е шок. Не само затоа што АфД  ги мобилизираше гласачите кои не гласаат, но тие исто така земаа гласачи на ЦДУ, вели член  на ЦДУ.

Инаку Алтернатива за Германија е првата раситичка партија која влегу во Бундестагот по Втората  светска  војна.