Бизнис
18. September 2016 - 16:48

Мерката бесплатен железнички превоз за млади во секој прв и трет викенд продолжува

Младите и во иднина ќе можат бесплатно да го користат железничкиот превоз. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ инфомираше дека  ќе продолжи спроведувањето на владината мерка и во периодот што следува.

Груевски посочи дека мерката има одличен одзив кај младите лица. Досега ја искористиле 84 илјади млади лица кои заштедиле над половина милион евра. Овие пари остануваат во џебовите на младите лица кои ќе ги потрошат за друга намена. Тоа е голема заштеда за младите лица,кои не располагаат со големи средства затоа што се во време на развој, учење и студирање. Тоа за нив е доста значајно и ја зголемува нивната мобилност и им прави сериозни заштеди.