Свет
13. December 2017 - 9:00

Меријам-Вебстер: „Феминизам“ е збор на годината

„Феминизам“ е збор на годината за 2017., според изборот на американскиот речник Меријам-Вебстер.

- Во 2017 година истражувањето на зборот „феминизам“ е зголемено за 70 отсто на интернет страницата Merriam-Webster.com во однос на претходната година и во повеќе наврати привлече големо внимание поради големите настани, изјави лексикографот Питер Соколовски.

Во изминатите неколку години зборот „феминизам“ беше меѓу десетте наистражувани кога е во прашање речникот Меријам-Вебстер.

Зборот „феминизам“ потекнува од латинскиот јазик, а речникот денес го дефинира како „теорија на политичката, економската и социјалната еднаквост на половите“ и „организирани активности во име на женските права и интереси“.