Бизнис
26. May 2016 - 19:36

Менаџментот од Индоминерали доби кривична пријава за 21 милион евра штета во Злетово и Тораница

Поранешниот концесионер на рудниците Злетово и Тораница, Индоминерали- метали, заработи кривична од полицијата. Шест лица управители во индинскиот конзорциум се под сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување  и предизвикување стечај со несовесно работење и направена штета од 21,3 милиони евра. Според полицијата од 2007 до 2015 година сопствениците преку трансфери и позајмици побарувањата на паричните средства Индоминералс Метал Пробиштип ги имала кон правно  лице со седиште во Даглас ги насочувале кон сметки на фирми основани и капитално поврзани со Индоминералс Метал ДООЕЛ. Освен со оваа, раководството склучувало штетни договори и со компанијата Марков Лимитед“ со седиште во Лондон.

Индинската компанија почна да менаџира со двата рудника во 2006 година.

Поради лошо раководење   рудниците Злетово и Тораница отидоа под стечај, со што беше загрозена егзистенцијата на 1.000 работници.  На тендерот за купување на рудницните интерес пројавија повеќе странски фирми, но за иден стопанственик беше избран бугарски Минстрој.

Во двата рудника најави  инвестиција од над 10 милиони евра, враќање на сите 1.000 рудари на работа,  исплаќање на заостанатите плати , а во иднина и нивно зголемување.

Во своето управивање со рудниците Индо минерали и метали  наталожи долгови и кон општина Пробиштип и кон јавно комунаните  претпријатија. Му беа  изречени и  парични  казна поради лошите услови за работа во рудниците поради што беа загрозени животот и здравјето на рударите.