Бизнис
30. November 2016 - 21:05

Менаџментот и синдикатот на Југохром се договорија - Работниците ќе земат декемвриска плата иако комбинатот не работи

Раководството и Синдикатот на Југохром постигнаа договор – 700 вработени ќе земаат плата и за декември и  покрај тоа што фабриката не работи. Сепак, тоа е краткорочно решение. За да се надмине проблемот – бараат инспекторатот за животна средина да ја повлече одлуката за затворање  на комбинатот . Паралелелно се работи на поставувањето на еколошките филтри на оџаците, процес кои се пролонгира  поради сложената процедура за издавање дозвола за градба.

Статусот на вработените и натаму е неизвесен.   Ако одлуката за затворање не се повлече, најавуваат  порадикални мерки

За еден месец колку што се изгаснаите печките од фабриката во Јагуновце загубите достигнале  400 илјади евра.