Бизнис
4. December 2017 - 20:35

Менаџерите против промени во даночната политика, бараат персоналниот данок да не се менува

Персоналниот данок на доход  и данокот на капитална добивка да не се менуваат,  Асоцијацијата на менаџери против најавените даночни реформи.   Прагот од 60 илјади денари плата не може да се смета за луксуз, велат тие.  За пополнување на буџетот, владата да  бара друг начин. Вака,само ќе се зголеми даночната евазија

- Најдобро е да нема измени. Аргументи за тоа се дека се наградуваат просечните, а бизнисот и успешните поединци се иселуваат надвор, посебно фриленсерите, парите се лоцираат во странство, се прави одлив на кадар и ќе се зголеми даночната евазија -истакнаа од Асоцијацијата на денешната трибина

Аргументите на премиерот и министерот за финансии се дека промени во даночниот систем мора да има. На тој начин ќе сме имале   праведно општество

 - Македонија има една од највисоките стапки на нееднаквост на доходот во Европа, рече Тевдовски. Нашите решенија за праведно оданочувњае се умерени. Зборуваме за воведување на даночни стапки што ќе зафаќаат два процента од граѓаните, за сите останати останува стапката на оданочување од 10 проценти - рече Тевдовски.

Во моментов владата се фокусира на подобрување на наплатата на даноци и намалување на даночната евазија. , вели премиерот. Дебатата за даночни реформи ќе трае цела година, а дури потоа ќе се знае кои лица колкав данок ќе плаќаат.

Според најавите, прогресивното одданочување треба да стартува од јануари 2019 та година. Во меѓувреме, од владата најавија и измени во пресметката на данокот на добивка, без да прецизираат какви.