Фудбал
26. May 2016 - 17:15

IN MEMORIAM:Почина Есад Чолаковиќ

Есад Чолаковиќ, големиот фудбалски шампион и човечка величина не успеа да ја добие животна битка. Есад Чолаковиќ денеска почина на 46 години. Чолаковиќ беше повеќекратен шампион со Слога Југомагнат, повеќекратен освојувач на Купот на Македонија во кој е рекордер со 8 финални настапи, а настапуваше и во Вардар, Цементарница, Куманово. Есад Чолаковиќ беше поранешен репрезентативец на Македонија, а се смета за еден од нашите најтрофејни фудбалери во Македонија. Голем човек, миленик на навивачите и вистински спортист. Почивај во мир.