Фудбал
21. July 2017 - 10:53

Мексико против Јамајка во полуфиналето на Голд Купот

 Репрезентациите на Мексико и Јамајка ја сочинуваат втората полуфинална дбојка на Голд Купот што се одржува во САД.
 
Селекцијата на Мексико во место во полуфиналето обезбеди со победата над Хондурас со 1:0 со голот на Пизаро постигнат уште во 4.минута од натпреварот.
 
Јамајка во четвртфиналето беше подобра од Канада со 2:1.
 
Дуелот за влез во големото финале Мексико и Јамајка ќе го играат во понеделник наутро во 3 часот по македонско време, додека во првиот полуфинален меч кој ќе се игра во недела (наутро од 4 часот) ќе се сретнат домаќинот САД и селекцијата на Коста Рика.
 
Американците во четвртфиналето го совладаа Ел Салвадор со 2-0, а Коста Рика со 1-0 беше подобра од Панама.
 
Трофејот освоен пред две години го брани Мексико.