Свет
28. October 2017 - 11:11

Мексико и Аргентина не ја признаваат независноста на Каталонија

Мексико и Аргентина се за почитување на територијалниот интегритет на Шпанија, додавајќи дека не ја признаваат независноста на Каталонија.

Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието напиша на Твитер дека очекува мирно и политичко решение на кризата.

Во соопштението на аргентинското Министерство за надворешни работи се изразува надеж дека со помош на уставни средства ќе биде решен проблемот и ќе се гарантира единството и територијалниот интегритет на Шпанија.