-->
-->
Мекинро: Проблемот на Ѓоковиќ е во главата
-->
Во светскиот тенис во последно време се случија чудни работи. На врвот се вратија ветераните Надал и Федерер, а вистинско разочарување на фановите им приредуваат Ѓоковиќ и Мареј. Ова предизвика коментари и кај некогаш првиот светски рекет Џон Мекинро кој често дава изјави и коментари за случувањата во тенисот со оглед на тоа што е максимално активен како експертски аналитичар на сите големи турнири кои се играат, а сега во последното интервју кое го направи за шпанска „Марка“, направи осврт на сето она што се случи на четирите грен слем турнири.
Легендарниот американски тенисер признава дека во ниту еден момент не очекувал дека Рожер Федерер и Рафаел Надал ќе ги поделат најважните турнири оваа сезона, но покрај тоа што не штедеше комплименти за моментално најдобрите играчи во светот, не заборави да го искоментира и потегот на Новак Ѓоковиќ.
Мекинро смета дека проблемот на Ѓоковиќ е повеќе психички отколку физички како што самиот го тврди тоа, а исто така потенцира дека никако не го сфатил неговиот потег да се раздели со Борис Бекер, но и со цел свој стручен штабкој го следи од детството.
– Не сум доволно блиску до Ѓоковиќ, но мислам дека неговиот проблем е во главата. Понекогаш некоја повреда може да влијае и психички на твојата игра. Она што најмногу ме изненади и зачуди кај него е тоа што го отфрли рецептот кој му носеше успеси. Заминувањето на Бекер, а потоа и на цел негов тим. Тоа навистина многу ме изненади и не можам да го сфатам, – вели Мекинро.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација