Свет
9. јуни 2016 - 12:36

Мејџор и Блер: Излегувањето од ЕУ претставува закана за целовитоста на Британија

Поранешните британски премиери Џон Мејџор и Тони Блер, во заедничко соопштение, предупредуваат дека гласањето за напуштање на ЕУ ги доведува во опасност единството и целовитоста на Велика Британија.

Мејџор и Блер водат кампања против Брегзит и за останување на Велика Британија во ЕУ, во Северна Ирска, каде двете водечки политички сили- Демократската унионистичка партија (ДУП) и Шин Феин, кои ја сочинуваат заедничката северноирска влада, се крајно спротивставени околу претстојното референдумско изјаснување.

ДУП која има мнозинство во Собранието во Стормонт агитира за излез на земјата од ЕУ, додека католичката, републиканска партија Шин Феин води кампања за останување во Унијата.

Шин Феин веќе предупреди дека евентуалното изгласување на Брегзит ќе ја врати кризата и нестабилноста во покраината, додека заменик првиот министер Мартин Мекгинис порача оти излегувањето од ЕУ ќе ја натера Шин Феин да бара референдум за отцепување на Северна Ирска од Британија и за нејзнино приклучување кон Република Ирска.

Мејџор и Блер во својата кампања во покраината, предупредуваат дека излегувањето од ЕУ ќе подготви терен за нов референдум за независнист во Шкотска, како и за сериознои нарушувањена тешко стекнатиот мир во Северна Ирска.

Џон Мејџор беше премиер од 1990 до мај 1997, додека Блер беше во Даунин стрит 10, од 1997 до 2007 година. Тие важат за остри политички противници, но на две недели пред референдумот заенички агитираат за останување во Унијата, предупредувајќи дека целовитоста на земјата е ставена на референдумското гласачко ливче.