Свет
18. November 2016 - 15:50

Меј: Подготвени сме да почнеме излегување од ЕУ во март 2017 година

Премиерката на Велика Британија Тереза Меј денеска ја увери германската канцеларка Ангела Меркел дека подготовките за британското излегување од Европската унија се на вистинскиот пат и оти правниот процес би можел да почне кон крајот на март идната година.

- Нашата работа е на правиот пат, ние сме подготвени да го активираме Членот 50 (Лисабонски договор за ЕУ) пред крајот на март или до крајот на март 2017 година, истакна Меј.