-->
-->
Меј: Ја поздравувам меѓународната поддршка што ја добиваме
-->
Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека досега 25 држави донеле одлука за протерување на руски дипломати поради случајот Скрипал.
Таа, исто така, ја истакна одлуката на НАТО да протера седум дипломати од руската мисија во Алијансата.
- Ја поздравувам меѓународната поддршка што ја добиваме, изјави Меј во британскиот Парламент.
- Тоа не е едноставно прашање, поврзано со позицијата на Велика Британија и влијанието на Велика Британија. Мислам дека тоа го засега интересот на националната безбедност на земјите, рече таа.
Според неа, британската влада прави преглед на визите издадени на богати странски инвеститори, но проверките не се фокусирани конкретно на Руси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност