Свет
11. јуни 2017 - 10:11

Меј: Британија почнува преговори за Брегзит за неколку недели

Британија има намера да почне преговори за Брегзит како што и планираше – во следните неколку недели, и нагласила британската премиерка Тереза Меј на германската канцеларка Ангела Меркел.

– Премиерката ја потврди својата намера преговорите за напуштање на Британија на Европската унија да почнат како што е планирано во следните неколку недели, соопшти Кабинетот на Меј.

Во таа мсисла, Меј дала целосно уверување до лидерите на ЕУ кои изразија сомневања по слабите изборни резултати на Конзервативците.