Балкан
1. September 2015 - 8:30

Меимаракис: Нова демократија ќе ја врати насмевката на Грците

Нова демократија е партијата која го поддржува единството меѓу Грците, изјави нејзиниот лидер Вангелис Меимаракис во својот говор на затворен стадион во градот Патрас, во рамките на изборната кампања.

- Нова Демократија е политичка моќ која му служи на единството на Грците, затоа што некои други сакаат да не поделат со својата реторика и говор, рече лидерот на најголемата грчка опозициска партија, додавајќи дека „НД е европска, патриотска, социјална и прогресивна сила“.

Меимаракис го обвини лидерот на Сириза, Алексис Ципрас дека шири лаги истакнувајќи дека „никогаш претходно еден премиер нема направено толку многу лоши работи за толку кусо време, и никогаш претходно немало политичар кој кажал толку многу лаги како Алексис Ципрас“.

- Нова демократија ќе ја врати насмевката на луѓето, рече Меимаракис, обвинувајќи ја Сириза дека ги направила Грците меланхолични.