Фудбал
28. October 2016 - 12:36

Меѓународниот спортски суд Лозана последна шанса за Адеми

 Аријан Адеми некогашниот член на фудбалската репрезентација на Македонија, денеска во Меѓународниот спортски суд Лозана ќе има рочиште за неговото докажување за невиноста во допинг случајот кој беше откриен минатата година на меч во Лигата на шампионите повод допинг скандалот од  минатата година.
 
Адеми беше фатен со допинг по завршувањето на мечот со Арсенал на домашен терен кој го добија „модрите“ со 2:1.
 
УЕФА на Адеми му изрече казна забрана за настап од четири години, а последна институција за укинување на забраната е спортскиот суд во Лозана. Денеска ќе треба Аријан да се соочи со Судот, кој потоа ќе донесе конечна одлука околу допинг скандалот.
 
Информацијата за допингот Адеми ја дозна за време на подготовките на репрезентацијата за дуелот со Словачка во Скопје.
 
Додека Адеми ја чека одлуката од Меѓународниот суд во Лозана и се бори да докаже дека нема никаква врска со допингот, тој не смее да тренира фудбал, па често игра тенис и мал фудбал со својот пријател Јерко Леко. 
 
Евентуална потврда на вината би било крај на кариерата за Адеми, додека отфрлање би значело дека Адеми би можел да се врати на терените и повторно да заигра фудбал, иако веќе 12 месеци е надвор од терените.