Свет
24. September 2017 - 12:03

Меѓународни реакции на последниот ирански ракетен тест

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа реагираше на последниот рекетен тест на Иран, при кој беше лансирана ракета со дострел до 5.000 километри, оценувајќи дека тоа ја доведува под сомнеж ефикасноста на Договорот за иранската нуклеарна програма и го обвини Техеран за соработка со Северна Кореја.

– Иран истрела балистичка ракета, која може да стигне до Израел. Освен тоа тие соработуваат и со Северна Кореја. Не остана многу од важниот договор што го имаме, напиша Трамп на Твитер.

На рекетниот тест реагираше и Франција, која изрази вознемиреност од ваквиот потег на Иран и го повика генералниот секретар на ОН да подготви целосен извештај за почитувањето на Договорот за иранската нуклеарна програма, што во 2015 година го постигнаа Техерен и шесте светки сили.

– Франција се залага за прекин на сите дестабилизирачки активности во регионот, изјави портапаролката на француското Министерство за надворешни работи, Аниес Ромате-Еспан.

Таа најави дека Франција заедно со нејзините партнери, пред се европските, ќе разгледа начини со кои ќе се принуди Иран да прекине со своите „дестабилизирачки балистички активности“.

Изрелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман, од своја страна, иранскиот ракетен тест го оцени како провокација, додавајќи дека тоа е доказ оти Техеран „има амбиции да стане светска сила“.

– Балистичката ракета што ја лансираше Иран е провокација за САД и нивните сојузници, вклучувајќи го и Израел. Тоа е обид да се тестираат нашите реакции и доказ дека Иран има амбиции да стане светска сила, која ќе претставува закана за земјите на Блсикиот Исток и за демократиите ширум светот, изјави Либерман.

Иран вчера соопшти дека изврашил успешен ракетен тест на балистичка ракета од типот „Хорамшахр“, која има капацитет да носи неколу конвенционални боеви глави и може да погоди повеќе цели во исто време.