Македонија
16. January 2016 - 16:07

Mеѓународната заедница со гаранции за фер избори во април- Заев повторно избега, Груевски, Ахмети и Тачи се држат до договорот

Маратонските преговори во Пржино завршија без успех. По 12 часовни интензивни дискусии лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија не се договорија дали 24 април ќе биде денот кога ќе се оддржат изборите.

Овој термин бил неприфатлив единствено за Заев иако и еврокомесарот Хан даде јасни гаранции дека се можни фер и демократски избори на договорениот датум.

Според премиерот Груевски лидерот на опозицијата ја внесува државата во уште подлабока криза за да го избегне сопствениот пораз.

Според Зоран Заев опозицијата нема да учествува во изборите без навремена регулација на медиумите и пречистување на Избирачкиот список.

Од резиденцијата во Пржино лидерот на ДУИ упати порака, државните да се стават над партиските интереси.

Посредниците не го прогласуваат договореопт за мртов и најавуваат продолжување на разговорите.

Партиите најавија внатрешни консултации пред да ги обелоденат своите идни чекори.