Македонија
23. March 2018 - 9:05

Меѓународна конференција за образованието по природни науки и математика

Меѓународна конференција за образованието по природни науки и математика ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Природно-математичкиот факултeт при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Друштвото на физичарите на Република Македонија и Сојузот на математичарите на Македонија.

На конференцијата, како што е најавено, ќе се обрати министерката за образование и наука Рената Дескоска, како и претставници од земјава и странство во три секции и тоа, физика, математика и природни науки.

Конференцијата е поддржана од Министерството за образование, Бирото за развој на образованието, како и на издавачката куќа Арс Ламина публикации.