Свет
16. September 2016 - 9:10

Меѓународна конференција за европска безбедност во Прага

Од денеска до 18 септември во Прага се одржува Конференција на тема европска безбедност и актуелни закани со 300 учесници, меѓу кои познати поранешни и сегашни дипломати, јави дописникот на МИА. 

На Конференцијата која ќе се занимава со прашањата: Целосна безбедност по студената војна, како ќе се решаваат новите проблеми и Европската безбедност и Русија најавено е учество на поранешниот министер за надворешни работи Дејвид Овен како и екс-шефот на чешката дипломатија Јан Каван.

Меѓу најавените беше и поранешниот советски претседател Михаил Горбачов, кој ја откажа посетата заради здравствени проблеми, но организаторите најавија негово видео обраќање.