Македонија
25. November 2016 - 9:02

Меѓународна конференција на социолози

Здружението на социолози на Република Македонија во соработка со Филозофскиот факултет-Скопје и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска и утре организира меѓународна научна конференција „Новите предизвици на социолошката имагинација (во чест на Чарлс Рајт Милс)“.

Покрај социолози од Македонија, на конференцијата ќе учествуваат и познати социолози од Велика Британија, Австрија и од Либан. Фокусот е ставен на новите тенденции во развојот на социолошката теорија и методологија во контекст на современите општествени процеси и проблеми.

- За овие теми ќе расправаат социолози и други научници од областа на општествените науки инспирирани од делото на Чарлс Рајт Милс, еден од најзначајните социолози во историјата на социологијата, со што ќе се одбележи стогодишнината од неговото раѓање, соопшти организаторот на конференцијата.