Македонија
8. April 2016 - 16:45

Меѓународен ден на ромите

Одличното партнерство и соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Сојузот на Ромите придонесе за голем број проекти од исклучително значење за ромската заедница во Македонија. Можноста за образование на мајчин јазик, надградба на знаењето и новите работни места, го кренаа стандардот кај ромите кои во минатото беа сериозно дискредитирани. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вели дека ако некој заостанува треба да му се подаде рака и да му се помогне. Според него на 5-ти јуни коалицијата ќе оствари поголема изборна победа од минатата.

Првиот човек на СРМ Амди Бајрам вели дека се што е ветено е остварено а така ќе биде и во иднина со цел искоренување на дискриминацијата на ромите.

Сојузот на Ромите на Македонија кој го оддржа петтиот конгрес на партијата ја прославува и 20 годишнината од своето основање како гаранција за правата на ова малцинство.