Македонија
26. May 2017 - 16:54

МЕЃАШИ бара новиот парламентарен состав да изгласа кастрација на педофили

Детската амбасада Меѓаши ќе бара од новиот парламентарен состав да стави поголем акцент на дискусиите за закони поврзани со правата на децата. Задолжителна хемиска кастрација по првиот полов напад врз дете, бараат од Меѓаши, бидејќи според нив само на ваков начин може да се стави под контрола педофилијата.

Покрај ова од МЕЃАШИ ќе поддржат и неколку други граѓански иницијативи како што се заеднички родителство по разводот, право на посвоените деца да дознаат кои се нивни биолошки родители. Меѓаши презентираше извештај за застапеноста на детските права во работата на собранието во текот на минатата година. 

Според Првата дестска амбасада рамноправни партнери во креирањето на законите треба да бидат и децата, учениците и нивните родители.