Мега заплена на скопскиот аеродром: Македонец фатен со 105 илјади евра скриени под блуза
Царинските службеници на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје вчера спречиле обид за нелегално изнесување на 105 илјади евра, соопшти Царинската управа на Македонија.
На аеродромот „Александар Велики“, вчера за излез од државата се пријавил македонски државјанин М.Љ. кој требало да патува преку Истанбул за Дубаи. При детална царинска контрола на патникот, во појасот под блузата му биле пронајдени две паковки обвиткани во бела хартија облепена со проѕирна селотејп трака. Во паковките биле пронајдени 107 илјади евра, се наведува во соопштението од Царината.
Согласно Законот за девизно работење на лицето му се вратени 2 илјади евра, а 105 илјади евра се привремено задржани. Против лицето е поведена прекршочна постапка. Македонски државјани можат слободно да изнесат девизни средства во противвредност на две илјади евра.
Во прекршочните постапки кои се водеа во текот на 2016 година поради непочитување на Законот за девизно работење, Царинската управа привремено задржа девизи во противвредност од 604 илјади и 394 евра и 199 илјади денари.
По однос на девизни прекршоци сторени во 2016 година или претходни години, но одлуките по прекршоците станале конечни и извршни во 2016 година, во Буџетот на РМ лани се трансферирани околу 127,6 милиони денари односно девизи во противвредност на два милиони 81 илјада и 758 евра.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација