Македонија
10. February 2016 - 9:48

Меџитлија затворена за сообраќај до 23 часот

 

Граничниот премин Меџитлија денеска повторно ќе биде затворен за сообраќај поради штрајк на грчките земјоделци.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на овој граничен премин ќе биде во прекин од 13 до 23 часот.

Според информација добиена од МВР, денеска, во целосен прекин ќе биде сообраќајот при влез и излез од Р. Грција на ГП ,,Ники”,  поради штрајк на грчките земјоделци (фармери).