Свет
10. November 2016 - 9:08

Медведев: Русија го почитува изборот на американскиот народ

По повод изборот на Доналд Трамп за нов американски претседател, рускиот премиер Дмитриј Медведев соопшти дека тоа е суверен избор на граѓаните на САД.

-Тоа, како прво, е суверен избор на граѓаните на САД. А, како второ, ние кон него се однесуваме со почит и секако, подготвени сме да развиваме контакти со новоизбраниот претседател Доналд Трамп и со потпретседателот, на кого веќе му го честитав изборот, изјави Медведев.

Рускиот премиер претходно му честита на Мајкл Пенс на изборот за потпретседател на САД, пренесуваат руските медиуми.

-Секако, се ќе зависи од расположението на новата администрација: доколку се подготвени за развивање на сеопфатна соработка со нашата земја и затворање на оваа тажна страница која во последните години беше напишана со напорите на актуелната американска администрација, ние сме, исто така, подготвени за тоа, рече Медведев.

„Збирувам за тоа дека нашите држави имаат посебна одговорност за оддржување на глобалната безбедност и врз основа на статусот на нашите држави и врз основа на многу познатите причини", додаде тој, а наведуваат руските медиуми.