Македонија
26. July 2016 - 19:26

Медиумите- последна точка за договор на партиските преговарачи

Она што 4-те политички партии го договорија на 20 јули, попладнево го преточија во законски решенија. По 5 часа преговори во Министерството за правда, работните групи ги усогласија и деталите за медиумските реформи и ад-хок телото кое во предизборниот период ќе го следи нивното известување. Предлог-законите за Влада, внатрешни работи, медиуми и изборениот законик во следните денови ќе бидат доставени до Собранието со цел час поскоро да почне процедурата за нивно изгласување.

Доколку до крајот на неделава пратениците дадат зелено светло за законските измени, институции и во пракса ќе почнат да го спроведуваат пржинскиот договор. Ова ќе го отвори патот за одржување на предвремените парламентарни избори до крајот на годинава. Сепак крајна оценка ќе ја даде лидерската четворка, на средба која треба да се одржи до 31 август.