Македонија
3. December 2015 - 16:19

Медиумите „непријатели на СДСМ“ го отфрлаат предлогот на Ванхауте и ја осудуваат изјавата на Заев

Главните уредници на најголемите национални телевизии жестоко се спротивставуваат на обидите на опозицијата, да го партизира медиумскиот простор во Македонија.

Заеднички побараа и остра осуда од сите за изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев во која тој медиумите ги прогласи за најголеми поитички противници.

Во вчерашната емисија на МТВ, главните уредници констатираа дека Македонија нема никаква потреба од промена на законските регулативи, кои пред само година и половина беа усвоени по широк општ консензус и потврда од Европската Унија.

Уредниците на првите најгледани телевизии, сметаа дека во позадина на декларативните заложби на Заев за слободни медиуми, всушност се крие тоталитарен концепт, кој во Македонија ќе водведа диктатура во медиумскиот простор.

Заедничка е пораката која медиумите сакаат да ја испратат и до партиите, но и до меѓународните преставници, а тоа е дека ниту едно законско решение нема да може да биде променето, без договор со новинарската фела.