Македонија
12. April 2016 - 17:03

Медитеранската плажа кај Лагадин ќе го подобри имиџот и ќе ја прошири туристичката понуда на Охрид

Медитеранската плажа кај Лагадин ќе го подобри имиџот и ќе ја  прошири туристичката понуда на Охрид.

Плажата која ќе се простира во должина од 500 метри ќе биде ослободена од концесионерство и нема да биде привилегија на одреден број луѓе туку слободен пристап ќе имаат сите граѓани и туристите кои сакаат да одмараат на тој потег од брегот на Охридското езеро.

Проблемот со кој се соочуваа граѓаните и туристите како неможноста да се постават пешкири на приватните плажи како и високата цена на изнајмувањето на лежалките и чадорите ќе бидат минато.

На плажата ќе има сервисен пункт, два шанка, тушеви и гардероби, објекти за сместување на лежалки и чадори, игралишта за деца, две платформи во вода и  два мола за прифаќање на пловни објекти.