Македонија
22. November 2017 - 16:53

Медицинските сестри бараат Комора која ќе ги застапува

Со тримесечен курс работат како медицински сестри. Недоволно обучени и со несоодветно образование пружаат здравствени услуги на болни, реагираат од новоформираната Унија на сестринската фела од цела Македонија. Исто така со вонредно школување во  медициснки училиште побргу добивале работа.

За да се подобри статусот на медицински сестри и да не бидат деградирани бараат по примерот на лекарите и тие да имаат комора и посебен закон за сестринство преку кои ќе ги остваруваат своите права. Зад овие барања стојат околу 4000 здравствени работници со средно, вишо и високо образование.

Токму недоволното вреднување на нивниот труд последните години за многу поголема плата стотици искусни медицински сестри заминуваат да работат во странство, најчесто во Германија.