МД„Илинден“: Катастрофална состојбата на македонските медиуми во Албанија
Македонското друштво „Илинден" со седиште во Тирана информира дека искажува загриженост, за, како што оценува, катастрофалната состојба на македонските медиуми во Албанија.
- Македонски медиуми, или медиуми на македонското национално малцинство се: весникот„Илинден“ кој излегува еднаш месечно, три портали и две програми, програма во државното Радио Корча кое емитува 30 минути програма дневно на македонски, и секој ден телевизијата Тв. Кристал во Корча, која емитува само македонска музика. Овие медиуми се минимум и не се доволни за целосно, навремено и објективно информирање, вели Никола Ѓурѓај, публицист и уредник на весникот „Илинден“.
Од истражувањето кое го направило Друштвото произлегува дека главен проблем со кој се соочуваат се финансиите, недоволното искуство и недостигот на обука за ангажираните лица.
Најчесто се потпираме на привремени донации и грантови. Финансиските тешкотии ја прават уште потешка работата на електронските медиуми кои имаат многу повеќе трошоци. Токму поради финансиите Радио Преспа, кое беше единствено радио на македонски, одамна замолкна, додава Ѓурѓај.
Поради тоа потребна е финансиска поддршка, дополнителна обука и професионален кадар, што, според Ѓурѓај, ќе придонесе за понатамошен развој и зајакнување на македонските медиуми.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација