-->
-->
Мбапе под мраз
-->
Младата фудбалска ѕвезда на Монако, Килијан Мбапе, минатата недела на тренингот физички се пресметал со соиграчот Андреа Раџи, објави весникот „Лекип“.
Поради тепачката Мбапе не бил во тимот на натпреварот со Мец, иако тимот соопшти дека се обидува да го заштити тинејџерот од медиумите, кои со недели шпекулираат дека тој ќе се пресели во ПСЖ. Претходно, Мбапе, мечот со Дижон го преседе на клупата за резерви.
Интересно, тепачка на тренингот предизвика и Нејмар, со Семедо, а неколку дена потоа ја напушти Барселона и рекордни 222 милиони евра се пресели во ПСЖ.
Според последните информации од Франција, прашање на време е кога Мбапе ќе стане соиграч на Нејмар. ПСЖ за напаѓачот е подготвен да плати 180 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто