Свет
17. August 2017 - 11:13

Маж со нож зеде жена за заложник во зграда на холандско радио

Вооружен маж со нож зеде за заложник жена во зградата на холандското радио 3 Ем Еф во градот Хилверсум, а неколку часа подоцна полицијата соопшти дека жената е ослободена жива и здрава, а мажот е уапсен. 

Во осум часот по локално време мажот и се заканил на жената, која била вработена во радиото со нож на паркинг до зградата и ја принудл да влезе заедно со него внатре во објектот. 

Засега не е познато дали тие меѓусебно се познавале. На местото пристигнаа неколку полициски возила и зградата беше опколена. На 50 метри од зградата беа пронајдени нож и чанта.