23.10.2014 - 04:18 |
Последна промена пред 2 часа 6 мин

Мазе ја израдува домашната публика во Марибор

 

Тина Мазе на задоволство на словенсиката публика во Марибор, победи на денешниот слалом на популарната  „Златна лисица„.
 
Мазе до својата седма овосезонска победа сигна со импресивно сијање во двете трки и тоа со 86-стотинки подобро вкупно време од второ пласираната Фрида Хансдотер од Шведска, односно 1 секунда и 13 стотинки побрзо од Австријката Катрин Цетел кој заврши на 3.место.
 
Со оваа победа Мазе ја зголеми предноста во севкупниот Генерален поредок во светскиот куп и сега Словенката има 1654 бода, пред Марија Хефл-Риш (Австрија) со 806 и Линдзи Вон (САД) со 740.
 

Спорт Плус