Бизарно но вистинито
10. May 2017 - 9:53

Матурантка со својата „оригиналност“ го вџаши интернетот

Меган Флаерти, средношколка од Њу Џерси, која мечтае да стане директор на фирма за ритуални услуги, на својата матурска пристигна на прилично оригинален начин, пишува „Њујорк Пост“.

Имено, таа се појави со погребна кола, легната во ковчег. Матурантката пристигна во отворен ковчег, а кога ја спуштија на земјата, таа излезе целата „насмеана“, разнесувајќи цветчиња околу себе.

Многумина ја оценија шегата на Меган просто како невкусна.