-->
-->
Мастерсот во Лондон продолжува без Надал
-->
Најдобриот тенисер во светот, Рафаел Надал, загуби во првото коло на завршниот Мастерс во Лондон од Белгиецот Давид Гофан 6:7, 7:6, 6:4 и по мечот поради повреда на коленото реши да се повлече од турнирот.
Шпанецот мечот со Гофан го загуби по голема борба, а за поразот клучна беше повредата на десното колено, поради која првиот на АТП листата речиси и не можеше да се движи во решавачкиот сет.
„Не сум подготвен да играм…Се обидов…Премногу во минатото го пропуштав овој турнир“, им изјавил по мечот на новинарите Надал.
Завршниот Мастерс во сезоната светскиот број 1 го нема никогаш освоено.
Прва резерва на Мастерсот е Пабло Карењо-Буста, кој ќе го замени својот сонародник и во групата „Пит Сампрас“ ќе ги одигра преостанатите два меча, против Бугаринот Григор Димитров и Австриецот Доминик Тим.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците