Тенис
12. October 2017 - 17:43

Мастерс - Шангај: Без проблеми за Надал и Федерер

Двајцата прворангирани тенисери на Мастерсот во Шангај Рафаел Надал (носител број 1) и Рожер Федерер (носител број 2) без поголеми проблеми се пласираа во четвртфиналето. Надал со 2-0 во сетови (6:3 и 6:1 во гемови) го победи Фабио Фоњини, а Федерер против квалификантот Александр Долгополов одигра два гема повеќе и постигна победа од 2-0 во сетови (6:4 и 6:2). 
Од осминафиналните мечеви кои досега завршија, во три сета се играше само дуелот меѓу Хуан Мартин Дел Потро и Александар Зверев. Победа од 2-1 во сетови постигна Дел Потро против третиот носител Зверев.
Пласман во четвртфиналето изборија уште: Марин Чилиќ, Виктор Троицки, Григор Димитров, Алберт Рамос-Винолас и Ришар Гаске.