Тенис
25. October 2016 - 18:48

Мастерс: Победи за Кербер и за Кејс

Анжелик Кербер и Медисон Кејс постигнаа победи на денешните мечеви од „црвената група“ на Мастерсот што се игра во Сингапур. Најдобрата светска тенисерка Кербер во два сета ја совлада Симона Халеп со 2-0 (6:4 и 6:2) и е чекор поблиску до полуфиналето во однос на ривалките од групата.
Кејс беше поуспешна од Доминика Цибулкова и триумфираше со 2-0 во сетови (6:1 и 6:4). Цибулкова по овој пораз има најмали шанси за пласман во полуфиналето.
Утре на Мастерсот во Сингапур се играат мечевите од 2.коло од „белата група“.