Тенис
6. November 2015 - 9:38

Мастерс - Париз: Надал го „мина“ Андерсон

Рафаел Надал успеа да се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Париз откако синоќа во последниот меч од осминафиналето со пресврт (2:1 во сетови) стигна до триумф над Кевин Андерсон. Мечот не почна најдобро за Надал бидејќи првиот сет Андерсон го доби со 6:4 во гемови. Следниот сет се решаваше во тај брек кој со 8-6 на поени му припадна на Надал, кој беше подобар и во решавачкиот сет со 6:2 во гемови.
 
Надал денеска во четвртфиналето ќе игра против Стан Вавринка.
Во другите мечеви од денешната програма ќе играат:
Енди Мареј – Ришар Гаске,
Новак Ѓоковиќ – Томаш Бердих и
Давид Ферер – Џон Изнер.